Локација: Еден од најлуксузните хотели во Хургада, сместен на самата песочна плажа долга 400м, во новиот дел на Мемше. Од центарот на Хургада е оддалечен 4км, а од аеродромот 6км.
Соби: Има 389 модерно опремени соби со бања, мини бар, сеф, клима, сателитска Тв, приклучок за интернет, балкон или тераса.
Содржини: еден главен и три а ла карт ресторани, 5 барови и дискотека.
Спорти забава: неколку странични базени со посебен дел за најмладите, lazy river, пикадо, пинг понг, терен за голф, одбојка на плажа, игралиште за фудбал и кошарка, ватерполо, центар за нуркање и бројни активности и спортови на вода. Современо опремен спа центар, фитнес сала.